Kontakt Flappe öffnen
Договорна логистика

Складирање и дистрибуција

Единствените стандарди во сите наши логистички центри ширум светот обезбедуваат висок квалитет и сигурност. Работиме со сеопфатна мрежа на складишта низ Европа, Југоисточна Азија, индискиот потконтинент и САД.

Секој од нашите логистички центри ја следи истата структура, обезбедувајќи посебен простор за складирање на палети со висока решетка, едноставно и сложено одвојување на нарачки, подно складирање и крос-док (cross-dock) систем. Во комбинација со нашата широко распространета мрежа ширум светот и нашите услуги за авионски, поморски и патен транспорт нудиме целосно интегрирани решенија.

Нашите простории за складирање и надворешните  површини се опремени со безбедносни аларми и видеонадзор за максимална безбедност. Наменските површини за складирање и ракување обезбедуваат подобра безбедност и управување со процесите. Сите логистички центри на компанијата Карго-партнер се конструирани и управувани според меѓународните норми ISO 9001 за управување со квалитет и ISO 14000 за управување со животната средина. Благодарение на нашата непосредна близина до железницата и другите одлични сообраќајни врски, нашите логистички центри обезбедуваат идеална платформа за вашата дистрибуција.