Kontakt Flappe öffnen
Услуги

Поморски транспорт

Нашите сигурни услуги за поморски транспорт гарантираат дека вашата стока ќе пристигне на кој било континент во светот безбедно и навреме. Ние нудиме широк спектар на транспортни услуги во сегменти на полни контејнери – ФЦЛ (FCL), групни контејнери – ЛЦЛ (LCL), како и специјални транспорти кои се прилагодени на потребите на клиентите.

Благодарение на долгорочните деловни односи со голем број превозници може да дејствуваме флексибилно, да понудиме безбеден простор на бродовите и, повикувајќи се на големи количини стоки, да преговараме за најдобрите услови за вашите пратки во странство. Обезбедуваме транспорт со температурен режим, како и специјална опрема за тежок товар, рефус товар, возила и друго. Со цел да ги намалиме ризиците од претовар на минимум, претпочитаме да вршиме превоз на директна маршута. Царинење и транспортно осигурување се достапни на барање. 

Онлајн платформата СПОТ обезбедува ефикасна комуникација и целосна транспарентност за време на транспортот. Нашата интелигентна услуга за следење на контејнери ви овозможува да ги следите вашите целосни пратки на контејнери насекаде во светот. Алатката за лесна употреба обезбедува целосна транспарентност, достапност на податоци во живо 24/7 и проактивни информации за исклучоците.

Нашата услуга  ECONOMY  е најисплатливиот метод за испраќање стоки затоа што обезбедуваме конкурентни времиња на поаѓање и транзитни времиња. Покрај тоа ние нудиме услуга PRIORITY за побрзи опции за испорака преку комбиниран железнички, патен и поморски транспорт, со обезбеден простор за поаѓање на неделно ниво.За исклучително итни пратки, изберете ги нашите специјално прилагодени EMERGENCY решенија во кои ги користиме сите достапни опции и комбинираме воздушен, железнички, патен и поморски транспорт за да ги исполниме најкратките времиња на испорака.

Нашите експерти за транспорт во странство имаат огромно искуство во превозот буквално на сите видови индустриски производи и производи за широка потрошувачка. Покрај нашите искусни експерти во транспортот на прехранбени производи и расипливи производи ние нудиме и специјализирани решенија за автомобилски, модни, здравствени, високо технолошки и други пазари во одредени региони низ светот.

Како алтернатива на поморскиот транспорт, ние нудиме железнички ФЦЛ и ЛЦЛ-услуги меѓу Кина и Европа за транзитни периоди што се приближно две недели пократки од прекуокеанскиот превоз и по цени што се приближно 60 % пониски отколку во воздушниот  транспорт.

Без разлика дали станува збор за Сингапур до Ротердам, од Копер до Шангај или од Хамбург до Лос Анџелес  нашите тимови за морски товари го имаат вистинското решение за вашиот превоз!

Q4 2022

Seafreight Insights

Read our Seafreight Insights to find out about the latest developments in the global shipping industry. Find out more about the latest trade outlook, port and rate developments as well as flexible solutions offered by cargo-partner to deal with the current challenges.

read more »

Контакт

* required field