Нудиме разновидни услуги за воздушен транспорт на стока, со цел да ви помогнеме да постигнете оптимален баланс помеѓу брзината на испорака и трошоците. Искористете ја предноста на интегрирана глобална мрежа која ги задоволува највисоките стандарди за безбедност и квалитет, овозможувајќи испорака на вашата стока до било која дестинација во светот.
Нашите специјализирани тимови за воздушен транспорт, распоредени низ целиот свет, нудат флексибилни решенија за разновидни логистички предизвици – од автомобилска и висока технологија, машини и електроника, па сè до фармацевтски производи, транспортирање на уметнички дела и логистика за музички турнеи и концерти. Дополнително, обезбедуваме специјализирани услуги за воздушен транспорт на живи животни, терет со контролирана температура, како и опасни материи.
Нашите стручни лица за царински и даночни прашања ќе ви помогнат со консултации околу специфични царински давачки по земји, потврди за движење на стоки и потекло на производи.
Ефикасно решение по прифатлива цена
Барате економично решение за авио транспорт со редовни летови? Нашата услуга ECONOMY ви овозможува да ги искористите сите предности на воздушниот транспорт по најповолни тарифи.
За итен транспорт
Времето е пари. Нашите PRIORITY решенија се прецизно прилагодени за да ви ги заштедат двете. Ги избираме најкратките маршрути и користиме експресни услуги на авиокомпании, овозможувајќи приоритет во просторот и минимални транзитни времиња.
Решение „точно на време“ (JIT)
Кога секунда е од значење, нашиот тим нуди најфлексибилни решенија за вашите исклучително итни пратки, обезбедувајќи моментална достапност, брзо царинење и услуга со следен лет без одложување.
Воздушен транспорт – стратегиски информации
Пронајдете ја нашата најблиска канцеларија.
Find our nearest office.