Нудиме редовни поаѓања и кратки транзитни времиња низ Западна, Централна и Источна Европа. Нашата обемна мрежа и селектираното портфолио на проверени и квалитетни транспортери овозможуваат безбедна и навремена испорака на вашите стоки.
Палетата на наши патни транспортни услуги вклучува сè: од целосни утовари (FTL), делумни утовари (LTL), збирни утоварни услуги, па сѐ до експресни решенија. Обезбедуваме специјализиран транспорт за различни типови товар, како што се преголеми и нестандардни товари, температурно чувствителни прехранбени производи и фармацевтски, како и вредни и чувствителни стоки. Највисоките стандарди за безбедност, хигиена и точност се гарантирани преку нашиот строг процес за осигурување на квалитетот, имплементиран преку платформата за патен транспорт на cargo-partner. Благодарение на внимателно селектирани превозници и стратешки лоцирани дистрибутивни центри, нудиме максимална покриеност и флексибилност.
Со нашите FTL транспортни решенија, обезбедуваме оптимално управување со времето и целосна транспарентност низ целиот процес на транспорт.
Со LTL услугите, плаќате само за просторот што ви е навистина потребен. Имаме редовни поаѓања на камиони во рамките на нашата европска мрежа.
Нудиме сигурни збирни решенија, вклучувајќи царински услуги, складирање, како и разновидни додатни услуги.
Пронајдете ја нашата најблиска канцеларија.
Find our nearest office.