Kontakt Flappe öffnen
Договорна логистика

Царина и царински прописи

Нашите царински експерти ширум светот се грижат за правилно, брзо и економично царинење на целата ваша стока. Со задоволство ќе ви дадеме совети за сите прашања поврзани со царинењето.

Со задоволство ќе ви дадеме совети за какво било прашање поврзано со царината: од подготовка на церинските документи до поврат на царината и поднесување приговори, царински и ветеринарни проверки (инспекции), цени и поднесување документи. 

карго-партнер работи во повеќе од 30 земји низ целиот свет и обезбедува царински услуги во над 20 земји. Ние нудиме услуги за царинење за увоз, извоз и транзит во неколку значајни воздушни и поморски пристаништа. Во нашите царински претставништва може да се потпрете на посветен царински претставник кој ќе ги исполни вашите посебни барања.