Kontakt Flappe öffnen
Договорна логистика

eFulfillment решенија

Карго-партнер нуди специјални (посебни) eCommerce и eFulfillment решенија со детална консултација и целосно интегрирани ИТ-системи за вашата логистика и дистрибуција низ целиот свет.

Искористете ги нашите софистицирани ИТ-решенија и оптимизирани процеси за да постигнете брз и исплатлив промет на стоки.

Сите логистички центри на карго-партнери ширум светот се управуваат преку онлајн платформата СПОТ и се поврзуваат во реално време за да овозможат флексибилна оптимизација на маршрутите и нарачките. СПОТ содржи интелигентен систем за управување со складиштата − ВМС (WMS) за управување со нарачки и залихи. Лесно може да се прилагоди на индивидуалните барања на секој клиент и брзо да се поврзе преку ЕДИ-интерфејсот. Системот автоматски ги бележи и ги документира сите движења на стоката. Преземањето на стоката без пропратна документација помага да се избегнат грешките и да се намалат трошоците.