Kontakt Flappe öffnen
Управување со ланецот на снабдување

Управување со набавката

Дали често се соочувате со задоцнети или нецелосни нарачки за набавка? Дали трошите многу време и ресурси за следење на вашите добавувачи и нарачки?

Карго-партнер дава  енд ту енд (end-to-end) решенија за целокупниот процес на набавка: од креирање нарачки до добавувач, управување со транспорт, конечна испорака, известување и евалуација на индикаторите за изведба. Користете ја услугата за управување со набавки на Карго-партнер за да ја намалите дополнителната работа и трошоците, истовремено зголемувајќи ја сигурноста на испораката! 

Дознајте повеќе за нашите енд ту енд (end-to-end) решенија во продолжение.

  • Алатка за поддршка и автоматизација.

  • Интеграција на системот и добавувачите.

  • Управување со добавувачите и проверка на статусот.

  • Консолидација на транспортот и купувачите.

  • Управување со отстапување и ескалација.

  • Царинење.

  • Складирање и логистика.

  • Известување и анализа.

Алатка за поддршка и автоматизација

Платформата за управување со синџирот на снабдување СПОТ ги собира сите вклучени страни на едно место и обезбедува основа за ефикасно управување со набавките. Модулот за управување со нарачки СПОТ обезбедува преглед на напредокот на производствениот процес на вашите добавувачи и очекуваните датуми на подготвеност за испорака, што ќе ви помогне да го оптимизирате користењето на транспортот и ефикасно да ги консолидирате пратките. Автоматизацијата базирана на работен тек овозможува лесна обработка на вашите нарачки во рамките на закажаниот распоред. Во случај на промена на распоредот системот ве известува преку потсетници и предупредувања, кои може да ги прилагодите на вашите потреби, односно на процесот на набавка.

Интеграција на системот и добавувачите

Поврзете ги добавувачите и клиентите брзо и едноставно, овозможете им пристап на СПОТ само со неколку кликови. Сите страни може да имаат пристап до информациите во реално време по пат на одбран пребарувач без потреба од инсталирање на надворешен софтвер. 

Дополнително, ние нудиме низа стандардизирани услуги за размена на податоци, од традиционални ЕДИ (EDI) до РЕСТфул АПИ (RESTful API), за целосно интегрирање на сите процеси долж вашиот синџир на снабдување. Ако сакате сами да ја инсталирате ЕДИ-конекцијата, ние ќе им ги доставиме на програмерите сите потребни информации.

Управување со добавувачите и проверка на статусот

Карго-партнер управува со сите процеси, го следи статусот на добавувачите и превозниците (шпедитерите) со цел да се осигураме дека  во целост се спроведени сите ваши нарачки за набавка, дека се испратени и испорачани во рок, без оглед дали транспортот е организиран од страна на Карго-партнер или не. СПОТ обезбедува целосна транспарентност и обезбедува тековни информации за полесно следење на вашите нарачки.

Консолидација на транспортот и купувачите

Ние нудиме сеопфатно портфолио на услуги за транспорт низ целиот свет за да обезбедиме испорака на вашата стока во рок. Со поддршка на системот СПОТ управуваме со сите начини на транспорт, ја поедноставуваме комуникацијата, ги намалуваме трошоците и обезбедуваме прегледност на синџирот на снабдување. Нашите услуги за консолидација на клиенти вклучуваат координација, планирање и оптимизација на повеќе нарачки и добавувачи. Целосно интегрирана СПОТ платформа за управување со синџирот на снабдување  обезбедува сигурност во планирањето, ефикасни процеси, униформни стандарди за квалитет и целосна транспарентност од собирање до крајната дестинација.

Управување со отстапување и ескалација

Со помош на СПОТ Карго-партнер проактивно открива неправилности и отстапувања и веднаш го известува одговорното лице. Точниот преглед на активните отстапувања овозможува лесно решавање проблеми и следење.
Покрај тоа, Карго-партнер предлага можни решенија и решава проблеми според вашите потреби и желби.

Царинење

Нашите царински експерти ширум светот обезбедуваат правилно, брзо и економично царинење на вашата стока.
Со задоволство ќе ви дадеме совети за царински прашања: од подготовка на царински документи до враќање, поднесување приговори (жалби), царински и ветеринарни проверки (инспекции), цени и доставување документи.

Складирање и логистика

Користете ја нашата мрежа на магацини и дистрибутивни капацитети за складирање и подигнување стока по потреба.

Известување и анализа

Анализирајте ги трошоците, измерете ги перформансите на добавувачот и превозникот или проценете го времето на транспорт. Нашето портфолио за известување и анализа содржи широк спектар на алатки кои гарантираат дека ќе ги добиете потребните податоци од кој било аспект на синџирот на снабдување, во секое време и во кој било формат.