Kontakt Flappe öffnen
Supply Chain Management

Risk Management

Дали барате сигурен систем за управување и намалување на ризикот во целиот синџир на снабдување?

Нашите стратегии и апликации за управување со синџирот на снабдување обезбедуваат идеална основа за брзо, ефикасно и систематско справување со прекини и недоследности.

Дури и кога се исполнети највисоките безбедносни стандарди процесите на транспорт и логистика по својата природа се придружени со одредени ризици. Прекините во синџирот на снабдување може да доведат до намалени приходи, непотребни трошоци и нарушувања во производството и дистрибуцијата. Карго-партнер  разви стратегии и апликации за намалување на исклучителните ризици и недоследности во синџирот на снабдување, како и апликации за реагирање на истите. Ние обезбедуваме силна поддршка и совети за зголемување на отпорноста на вашиот синџир на снабдување.

Нашата услуга за управување со ризиците вклучува:

  • Осигурување на транспортот.
  • Управување со побарувачката. 
  • Анализа на ризикот.
  • Проценка на превозниците.
  • Управување со солвентноста.
  • Проактивно управување со исклучоците.
  • Креирање (изнаоѓање) алтернативни решенија.
  • Мониторинг на ланецот на снабдување и управување со предупредувањата.