Kontakt Flappe öffnen
Воздушен (авионски) транспорт

EMERGENCY

Кога секоја секунда е важна, нашиот тим ви е на располагање 24 часа дневно во текот на сите седум дена во неделата со цел да се изнајдат најповолните решенија за многу итните пратки (превози), нудејќи моментална достапност, ефикасен процес на царинење и услуги за поврзување со следниот авионски лет. 

Ќе ве извлечеме од неволја! Ние веднаш ќе ја обработиме вашата нарачка и ќе понудиме точно одредено време за транзит за да ви помогнеме да ги исполните најкратките рокови. Искористете ги предностите на нашите чартер-услуги и придружните курирски услуги за сите видови стоки, од важни документи до лекови, примероци од производи и резервни делови за итни АОГ- ситуации.

Нашите искусни тимови се подготвени брзо,  ефикасно и професионално да го решат секој логистички предизвик,. Подготвени сме да излеземе со решенија специјално за вашите потреби, користејќи ги сите наши расположливи ресурси за да ги надминеме дури и најнепријатните ситуации. Искористете ги предностите на нашето најбрзо време за одговор и флексибилните решенија за време (just-in-time) и редослед (just-in-sequence). Вашата пратка ќе има највисок приоритет, а нашите долгогодишни деловни односи со авиокомпаниите ни овозможуваат да најдеме специјални решенија надвор од редовните услуги. Едно лице ќе ви стои на располагање во секое време да управува со вашата пратка од врата до врата, вклучувајќи царинење, подготовка за превоз, самиот превоз и сите други дополнителни услуги. Благодарение на онлајн платформата СПОТ имате директен пристап до важни документи, како што се:  товарен лист и доказ за испорака со кои можете да ја следите вашата пратка во секое време.

Бироа за итни случаи
Austria: emergency.at(at)cargo-partner.com | +43 1 7007-13413
Бугарија: emergency.bg(at)cargo-partner.com | +359 887 247 247
Central China: emergency.ccn(at)cargo-partner.com | +86 21 61953877
Германија: emergency.str(at)cargo-partner.com | +49 174 195 4544
Унгарија: emergency.hu(at)cargo-partner.com | +36 30 018 4107
Индија: emergency.in(at)cargo-partner.com | +91 9311833595
Полска: emergency.pl(at)cargo-partner.com | +48 785 062 312 | +48 785 062 311
Романија: emergency.ro(at)cargo-partner.com | +40 754 203 209
Словенија: emergency.si(at)cargo-partner.com | +386 51 254 000
Турција: emergency.tr(at)cargo-partner.com | +90 541 842 01 46