Kontakt Flappe öffnen
Авионски транспорт

ПРИОРИТЕТ (PRIORITY)

Времето е пари. Нашите ПРИОРИТЕТНИ решенија се осмислени специјално за да ви помогнат да заштедите време и пари. Ги одбираме најкратките рути и користиме услуги на експресни авиопревозници, давајќи приоритет на просторот и краткото време на транзит. 

Благодарение на нашата PRIORITY услуга ќе ги користите предностите на директните летови, ќе ви биде доделено лице за контакт кое ќе води сметка за вашата стока и прецизно дефинираните временски рокови за преземање и испорака. Обезбедуваме голема достапност на простор кај првокласни превозници со цел вашата стока безбедно и без доцнење да стигне до целта. 

Нашите тимови за авионски транспорт направија оптимизирани планови на рутите и го усовршија концептот на трговски коридори  со цел поврзување на сите аеродроми ширум светот на најефикасен начин. Ги намалуваме сите непотребни чекори, од времето на товарење и ракување до емисија на штетни супстанции. Поради тоа се определуваме за еколошки директни летови кога е тоа можно. Нашите целосни решенија опфаќаат преземање и достава на стоката како и низа дополнителни услуги. Со задоволство ќе ве поддржиме со услугите за забрзано царинење на увезената и извезената стока на ваше барање. Како PRIORITY клиент ќе може да ги користите напредните опции за известување по пат на онлајн СПОТ.