Дали треба да обработувате голема количина на податоци? Дали сакате да го подобрите квалитетот на податоците и да ги минимизирате грешките при внесување? Дали сакате да ги намалите оперативните трошоци со минимизирање на рачните интеракции?
Во тој случај може да имате корист од воспоставување ЕДИ-врска со карго-партнер. ЕДИ (електронска размена на податоци) е безбеден и лесен начин за автоматизирање на преносот на податоци, намалување на администрацијата и подобрување на квалитетот на податоците.
Може да обезбедиме лесна компатибилност и брза интеграција со голем број формати и протоколи за податоци. Нашиот посветен Центар за компетентни интеграции воспостави повеќе од 100 ЕДИ-врски со клиенти и партнери. Ние опфаќаме сè, од стандардизирани интерфејси до специјални решенија и ќе ве следиме и поддржуваме во текот на целиот процес, од детална анализа на барањата до сите детали за техничка имплементација.
Како функционира
Нашиот компетентен центар за управување и интеграција на синџирот на снабдување ќе изврши детална анализа на барањата и дефинирање на процесот со цел да постигне заедничко разбирање за целите и процесите кои треба да се оптимизираат. Во следниот чекор нашиот тим ќе се поврзе со вашиот ИТ-сектор за да ги дефинира релевантните технички спецификации и да појасни детали за транспортните протоколи и формати. Поддржуваме широк спектар протоколи, на пример: ХТТП (HTTP), ФТП (FTP) и АС2 (AS2), што ни овозможува лесно поврзување на сите вообичаени системи и ни овозможува да понудиме различни формати за системите ЕРП (ERP) и ОЛТП (OLTP), како што се: ЦСВ (CSV), ХМЛ (XML), ЈСОН (JSON), ЕДИФАКТ (EDIFACT) или ВДА (VDA).