Карго-партнер спроведува сеопфатна ЦСР-стратегија базирана на три столба, и тоа: еколошка, економска и социјална одржливост. Нашето раководство верува дека размислувањето за иднината на генерациите кои доаѓаат е основен аспект на секоја деловна активност. За компанијата Карго-партнер општествената одговорност значи обврска за воведување одржливо подобрување надвор од националните и културните граници.
Нашите строги процедури за обезбедување квалитет гарантираат дека работиме само со превозници кои ги исполнуваат највисоките стандарди во однос на еколошката транспортна технологија. Покрај тоа, ние спонзорираме истражувачки иницијативи за дизајнирање и имплементација на нови технологии, како што се економични авиони и електрични камиони. Нашиот фокус на одржливост е докажан со спонзорство и поддршка на бројни социјални и еколошки проекти низ целиот свет.
Во 2008 година Карго-партнер го основа здружението „Еколошки карго-партнери“ (Environmental cargo-partners) со цел да ја поддржи и забрза транзицијата кон еколошки транспортни и логистички технологии.
Соларниот фотонапонски систем во нашето седиште во близина на аеродромот во Виена се состои од 1 400 панели на површина од 4 000 квадратни метри и произведува 350 kWp енергија (Kilowatt-Peak)).
Во центарот за дневен престој во Нитра, Словачка, салезиската асоцијација на сестрите Дон Боско се грижи за децата на возраст од 1 до 3 години, како и за нивните мајки. Со поддршка на Карго-партнер и хуманитарната организација Jugend Eine Welt овој проект им дава на децата и нивните семејства од локалната заедница Роми и Синти шанса за подобро образование и нови перспективи за иднината.
Стефан Краутер, извршен директор на компанијата Карго-партнер, спонзорираше тим за аеронаутички дизајн на хибриден труп на авион БВБ (BWB) во вкупна вредност од 500 000 евра во период од 5 години. Единствената геометрија на овој авион го намалува аеродинамичкото влечење, зголемувајќи ја ефикасноста на горивото за околу 25 %.
Карго-партнер го поддржува проширувањето на основното училиште кое го води салезиската асоцијација на сестрите Дон Боско во Картаба, мало село во близина на сириската граница во Либан. Покрај децата од Либан училиштето го посетуваат повеќе од 100 деца кои ја напуштиле Сирија. Благодарение на проширувањето во есента 2017 година училиштето ќе обезбеди доволно простор за најмалку 250 деца кои избегаа од Сирија, односно за вкупно 325 деца.
Во соработка со програмата tag.werk за вработување млади работници со која раководи меѓународната добротворна организација Каритас во Грац, Австрија, обезбедуваме стари церади за да може да се рециклираат. Покрај рециклирање на церади кои веќе не ни се потребни, овој проект обезбедува вработување на младите на едноставен и небирократски начин. По миењето, сечењето и шиењето, старите церади се подготвени за нов животен век, односно од нив се прават модерни торби и торби за шминка.
Карго-партнер ги обезбеди сите логистички услуги за проектот за изработка на одржливи печки организирани од здружението Мрежа од Бутан во соработка со австрискиот производител на печки Кристоф Бадер. Кристоф Бадер отпатува во Бутан за да им покаже на локалните студенти како да направат целосно функционални печки за леб од локално достапни материјали. Оваа важна иницијатива го зајакнува одржливиот регионален развој и занаетите.
Сестрите Дон Боско ја водат Италијанската болница во сириската престолнина Дамаск повеќе од 100 години. Од 2011 година болницата се фокусира на обезбедување третман за Сиријците ранети во војната. Карго-партнер донираше повеќе од 30 000 евра во болницата, а парите беа искористени за итна операција, купување лекови и обезбедување основна финансиска поддршка за персоналот во болницата.