Kontakt Flappe öffnen
Услуги

Железнички транспорт

Железничкиот транспорт претставува брза, исплатлива и еколошки прифатлива алтернатива за авионскиот и поморскиот транспорт. Нашите специјализирани тимови ќе создадат опитимален концепт за железнички транспорт за кој било вид стока.

Дали имате редовни пратки меѓу Азија и Европа? Заштедете време и пари со нашите железнички решенија на Трансибирската рута и на Патот на свилата! Нашите услуги за железнички транспорт се до 50 % побрзи и до 60 % попристапни во однос на авионскиот транспорт. Ние ќе дизајнираме сеопфатно решение за вас, вклучително и подигнување и испорака од и до каде било во Кина и Европа.

Како еден од водечките даватели на транспортни услуги во Централна и Источна Европа ние нудиме најдиректни групни услуги (консолидирани услуги) меѓу Азија и Европа. Благодарение на нашите директни услуги за превоз во патниот сообраќај може да бидете сигурни дека вашата стока е во најдобри раце до нивната (вашата) дестинација. Покрај тоа ќе имате корист од нашата поддршка за дистрибуција од врата до врата и царинење низ целиот свет. Изборот зависи од вас. Во зависност од тоа колку брзо треба да се испорача вашата стока може да се одлучите за нашите услуги ЕCONOMY, PRIORITY или EMERGENCY. Во Европа ние го користиме нашиот собирен (групен) центар во Варшава, кој е поврзан со широка патна транспортна мрежа во Западна, Централна и Источна Европа. Во Кина  нашите колеги во Шангај и Шенжен се задолжени за превоз на вашата стока. Но, без разлика каде сакате да ја испратите вашата стока, доволно е да контактирате со контакт-лицето на вашиот локален карго-партнер со цел да се олесни целата комуникација и организација на вашиот превоз.

Без разлика дали е од Дуизбург до Хефеи, од Шангај преку Ксиан до Варшава или од Шенжен преку Чонгкинг до Познан – нашите тимови за железнички транспорт го имаат вистинското решение за вашиот превоз!

Контакт

* required field