Kontakt Flappe öffnen
Услуги

Воздушен (авионски) транспорт

Нудиме низа услуги за воздушен транспорт (превоз) за да ви овозможиме да пронајдете оптимален баланс меѓу брзината и трошоците. Искористете ја беспрекорната мрежа со највисоки стандарди за безбедност и квалитет за превоз на стока на која било локација во светот. 

Нашите тимови за воздушен (авионски) транспорт ширум светот обезбедуваат флексибилни решенија за најразлични транспортни предизвици, од моторни возила и производи со висока технологија, машини и електроника  до фармацевтски производи, транспорт на уметнички дела и концертна логистика. Нудиме и специјализирани услуги за воздушен (авионски) транспорт на животни, предмети кои се чуваат на посебна температура и опасна стока. Нашите царински стручњаци со задоволство ќе ве посоветуваат за царинските давачки во одредена земја, потврдите за движењето на стоката и уверенијата за потеклото. Целокупната документација за резервација и транспорт е на располагање и е достапна во секој момент на СПОТ-платформата за управување со ланецот за снабдување. 

Контакт

* required field