Kontakt Flappe öffnen
Патен транспорт

Групен транспорт

Искористете ги нашите групни мрежи ширум Европа за секојдневни поаѓања, брз транзит и ефикасна испорака од врата до врата. Времето за транзитот варира од 24 до 72 часа, при што вршиме ноќен превоз секогаш кога е можно. Ние, исто така, нудиме експресни услуги на барање.

Нашата распространета мрежа во Централна и Источна Европа во целост е интегрирана со Меѓународната логистичка мрежа – ИЛН (ILN) со цел постигнување на максималните граници на оддалеченост и обезбедување контрола на квалитетот. Покрај тоа ние вршиме испорака до пазарите, како што се: Казахстан, Авганистан, Узбекистан, Пакистан, Грузија и Азербејџан преку нашите добро поставени групни центри.

Со нашите решенија за групен транспорт  може да се потпрете на брз претовар и чести поаѓања, како и низа дополнителни услуги, како што се: преземање и пакување на стоката, палетизација, декларација и царинење. Максималните стандардни димензии за обичниот товар се 240х120х210 см по единица, со максимална тежина од 1 500 кг. Сепак, со задоволство ќе организираме превоз на стоки со нестандардна големина и тежина на ваше барање. Исто така, може да превезуваме стока од сите вообичаени класи, освен класите 1 и 7. Нашите експерти ќе ви помогнат да ги проверите сите потребни документи и да обезбедите соодветно пакување и декларација.