Kontakt Flappe öffnen
Teхнологија

Податоци и аналитика

Дали ви се потребни податоци во реално време за вашиот синџир на снабдување 24 часа на ден за да може да направите точни планови? Дали барате детален и во  исто време едноставен преглед што може да ви помогне да ги најдете најефикасните решенија за управување со вашиот транспорт, складирање и нарачка?

Нашето портфолио со сите податоци содржи голем број алатки кои ви овозможуваат да ги добиете потребните податоци за кој било аспект од синџирот на снабдување, во секое време и формат.

Ние ви нудиме едноставен и детален преглед на податоците со цел да ви ја обезбедиме најдобрата основа за брз и ефикасен процес на донесување одлуки. Следејќи ја употребата на транспортните правци и товарните капацитети, ќе ви помогнеме да ги најдете најисплатливите решенија за вашите сегашни и идни барања. Ние работиме со индустриски лидери за развој на производи од прва класа што овозможуваат собирање податоци и предвидлива анализа.

Благодарение на модерната технологија и интегрираното известување може да ги анализирате вашите податоци преку интернет 24 часа на ден. Покрај тоа ние ве поддржуваме со редовни извештаи прилагодени на вашите потреби.

Како функционира

Ние нудиме стандардни, премиум и прилагодени извештаи за податоци за вашиот синџир на снабдување, податоци за следење на пратките, складирање и трошоци за превоз. Сите релевантни извори на податоци се поврзани во реално време за да се добијат најточни информации.

Командна табла

Може да пристапите до сите стандардни статистики во секое време преку платформата СПОТ. Погледнете ги за момент најважните факти и слободно комбинирајте табели и графикони со податоци на вашата „прилагодлива“ командна табла.

Ад хок извештај

Доколку ви треба подетална проценка на податоците, ве молиме контактирајте нè во секое време за да ви обезбедиме ад хок анализа прилагодена на вашите потреби. Обезбедуваме статистика и извештаи во сите потребни формати и во сите популарни типови на дијаграми.

Редовен извештај

Може,исто така, да изберете редовен извештај целосно прилагоден на вашите  желби. Само контактирајте со нас за да може да го дизајнираме извештајот онака како што ви треба. Содржината, формата и фреквенцијата на извештајот целосно зависи од вас.