Kontakt Flappe öffnen
Технологија

Платформа за патни превозници

Соработуваме со голем број избрани превозници во патниот транспорт ширум Европа. Платформата за патни превозници го поедноставува овој процес на селекција и го поддржува нашето управување со квалитетот на ниво на целата компанија. 

Превозниците кои се регистрираат и ги обезбедуваат потребните документи и уверенија за квалитет добиваат целосен пристап до сите барања за патен транспорт. Автоматските потсетници од системот гарантираат дека документите се секогаш ажурирани.

Платформата за патни превозници им помага на превозниците во патниот транспорт да го минимизираат празниот од и да ги оптимизираат цените. Превозниците може да ги дефинираат своите посебни компетенции и достапни возила со цел да примаат целни (конкретни) барања за превоз. Покрај тоа тие имаат можност да го пребаруваат достапниот товар во платформата за патни превозници и да испратат понуди директно од системот. Ова служи за намалување на обемот на комуникација и минимизирање на празниот од. 

Повеќе информации на: www.carrierplatform.com

Платформа за патни превозници

Платформата за патни превозници претствува онлајн размена на товарниот и превозничкиот простор меѓу шпедитерите и превозниците.