Нудиме (обезбедуваме) услуги на авионски, поморски, друмски транспорт, складирање и комплетни решенија кои се однесуваат на ланецот на снабдување ширум светот за сите гранки на индустријата.
Фокусирани сме на осигурување (обезбедување) квалитет и одржлив напредок за да можеме да понудиме брзи и ефикасни решенија и да обезедиме долгорочен успех на нашата компанија, клиентите, вработените и индустријата. Процесот на постојано подобрување на нашата компанија се заснова на нашата страст кон успешност и нашето цврсто уверување во економската, еколошката и општествената одржливост. Во целост (потполност) сме интегрирани со нашите информациски ИТ-системи низ глобалната мрежа од преку 130 канцеларии и сме тесно поврзани со шпедитерски агенти, превозници, јавни власти и даватели на услуги.
Профил | Меѓународен давател на инфологистички услуги кој работи во целиот свет и има седиште во Виена, Австрија. |
Основана | 1983 |
Chairman, CEO | Mag. Stefan Krauter |
Вработени | 3,900 |
Мрежа | Сопствена мрежа на Карго-партнер во Западна, Источна и Централна Европа, Североисточна Азија, Југоисточна Азија, Океанија, индиски потконтинент и Северна Америка. |
Се обидуваме да станеме најдобар давател на информациски логистички услуги во светот, следејќи ја својата страст кон иновациите. Визијата ја манифестираме постапувајќи како вистински интегриран партнер во ланците на снабдување на нашите клиенти за да можеме трајно да го подобриме квалитетот на процесот во целиот процес.
Карго-партнер е најдобар во класата во решавање на глобалните логистички предизвици на нашите клиенти.
Ние придонесуваме во синџирите на снабдување на нашите клиенти со тоа што настапуваме како стратешки партнер за транспорт кој создава решенија за синџирот на снабдување специфични за клиентите. Клиентите имаат корист од нашите модели за оптимизација на трошоците, софистицираните дигитални процеси и цврстите врски со превозникот.
Ние живееме според нашето основно мото „ние го сфаќаме тоа лично“, кое вклучува создавање успех според нашите мота „страст за извонредност“ и „подобри од другите“. Познати сме по нашето силно чувство за општествена и еколошка одговорност, што нè тера да придонесеме за подобра иднина за сите нас.
Нашите клиенти и партнери во услугата ја чувствуваат разликата во работата со нас. Нашите колеги се горди што се членови на семејството на Карго-партнер.
До 2025 година Карго-партнер ќе стане компанија со обрт од 2 милијарди евра и 20 врвни даватели на услуги за транспорт и логистика во светот.
Карго-партнер управува со беспрекорна светска мрежа на сопствени канцеларии и агенти со кои има воспоставено блиска соработка.
Ние сме експерти за длабоко интегрирани решенија од синџирот на снабдување од крај до крај, транспорт, царинење, логистика на договори, дистрибуција и информативни услуги. Нашиот раст е изграден врз основа на нашите применети вредности, нашата позната компетентност и нашиот активен деловен развој.
Нашите дигитални решенија ни овозможуваат да испорачаме економични општи товари и услуги специфични за индустријата и може да бидат длабоко интегрирани и прилагодени по желба. Лесни се за користење, лесни за учење и лесни за поврзување.
СПОТ, нашата платформа за видливост и соработка, ги опслужува сите потреби на нашите клиенти во врска со нашите логистички услуги, а, исто така, соодветно ги поддржува нивните односи со нивните добавувачи и клиенти.
Додека платформата СПОТ е основа на нашите сопствени транспортни услуги, сè повеќе клиенти претпочитаат да работат директно на СПОТ или да ја поврзуваат со нивните системи.
СПОТ воркс (SPOTworx), неутралната ИТ-компанија на нашата групација, им овозможува на клиентите да користат СПОТ и дополнителните алатки за управување со синџирот на снабдување за нивна соработка со другите логистички провајдери.
Карго-партнер е составен дел од меѓународната транспортна индустрија повеќе од три децении.
Дознајте повеќеНашата корпоративна филозофија се заснова на човечките вредности, насоченост кон учинокот и активното партнерство.
Нашето мото „ние го сфаќаме тоа лично“ ја опишува нашата желба да создаваме успех за нашата компанија, нашите вработени и нашите клиенти, да живееме со силни вредности, победувајќи со тимскиот дух и правејќи дополнителни чекори за нашите деловни партнери.
„Страста за извонредност“ ја претставува нашата решеност да обезбедиме најдобра услуга со нашите висококвалификувани и мотивирани вработени, најсовремени ИТ-системи, како и постојано подобрување на процесите, компетенциите и индустриското знаење.
„Подобри од другите“ е она што нашите клиенти го кажуваат за нас. Работиме напорно за да ја добиеме оваа привилегија, да бидеме доверлив и интегриран дел од синџирите на снабдување на нашите клиенти, да ги надминуваме нивните очекувања и секогаш да бидеме еден чекор пред нашите конкуренти.