Карго-партнер е приватна инфологистичка транспортна компанија која нуди сеопфатно портфолио на услуги за авионски, поморски, патен транспорт и складирање, со посебна експертиза во областа на информациската технологија и оптимизација на ланецот за снабдување.
Нашите тимови ви се на располагање во 140* канцеларии во 40* земји низ целиот свет за да создадат брзи и ефикасни решенија прилагодени на вашите потреби.
* Од 2020 година.
Нашиот силен фокус на квалитетот и иновацијата е очигледен во нашите целосно интегрирани ИТ-решенија и нашите значителни инвестиции во одржливиот транспорт и логистичката технологија.
Дознајте повеќеВо денешниот свет добриот углед (добрата репутација) меѓу деловните партнери и јавноста е непроценлив. Нашиот кодекс на однесување ја дефинира етичката и правната рамка која ги опишува вредностите за кои се залагаме.
Дознајте повеќе