Kontakt Flappe öffnen
Кариера

Вистински приказни

Веруваме во воспоставување долгорочни односи и во вложување во одржливиот развој на нашите вработени. 

Ние сакаме да гледаме како луѓето се развиваат и сакаме да им помогнеме дури и да ги надминат очекувањата со тоа што им нудиме одлични можности за обука со цел нивно лично и професионално напредување. Во продолжение прочитајте неколку примери на вистински приказни за успехот на компанијата Карго-партнер!

Алена

Она што најмногу ми се допаѓа на работното место е тоа што никогаш не знам што да очекувам на почетокот на новиот ден. Секогаш постојат нови изненадувања кои претставуваат предизвик за најдобро да ги искористам своите способности и да ги развијам своите вештини.

Мајкл

Карго-партнер е семејна компанија и тоа го почувствував веднаш штом почнав да работам тука. „Ние го сфаќаме тоа лично“ значи дека секој може да придонесе со своите единствени таленти и способности и да ја добие неопходната поддршка за развој и успех.

Лијинг

Силната поддршка на моите колеги и водачи на тимот ми ја даваат неопходната мотивација за совладување на секојдневните задачи и ми овозможува да се чувствувам како член на едно големо семејство. Секој ден можам да постигнам мали успеси.

Кетрин

Уживам да бидам дел од динамична работна средина со позитивна семејна атмосфера која е секогаш отворена за нови идеи. Иако Карго-партнер е светска компанија, можам да ја почувствувам вредноста на мојот дневен придонес кон постигнување на целите на целата група.

Зиад

Она што најмногу го ценам во работењето во компанијата Карго-партнер е слободата во одлучувањето, високото ниво на доверба и соработка меѓу колегите, разновидноста на предизвиците и флексибилноста која ја имам во пронаоѓањето на најдобриот начин да ги совладам истите.

Инес

Нашата тимска работа е дефинирана со отвореност, правичност и меѓусебно помагање. Јас сум мотивирана од постојаниот проток на нови идеи и нови иновации и лично верувам дека Карго-партнер е одлично место за млади, креативни и динамични умови, што ни дава можност да го споделиме нашето знаење и да ги подигнеме нашите вештини на следно ниво.