Kontakt Flappe öffnen
Кариера

Работата во компанијата Карго-партнер

Благодарејќи на нашата политика за споделување на успехот со сите колеги, со гордост може да кажеме дека вработуваме најдобри професионалци кои постојано придонесуваат со свежи идеи и нови начини на размислување. 

Нашиот успех е заснован на тимскиот дух. Поради тоа нашите колеги прифаќаат одговорност, секогаш учествуваат во решенијата и постапуваат како вистински партнери како кон клиентите, така и кон колегите. 

Нас нè придвижува тимскиот дух!

Секој од нашите колеги ги застапува нашите основни вредности и живее во склад со нив:

  • “we take it personally” – „ние тоа го сфаќаме лично“ го означува нашиот силен фокус на тимската работа и интегритетот;
  • “passion for excellence” – „страст за извонредност“ ја претставува нашата заложба (посветеност) да одиме подалеку и да ги надминеме очекувањата;
  • “better than others” − „подобри од другите“ значи дека постојано се предизвикуваме и се подобруваме.

Веруваме дека работата носи (има) најдобри резултати кога уживате во тоа што го работите. Нашите цврсто поврзани тимови во голема мера користат прилики за да се соберат на работното место, но и надвор од  него, без оглед на тоа дали станува збор за натпревари во продажба, спортски турнири или низа активности за изградба на тимскиот дух во текот на целата година. 

Барате ли важна и предизвикувачка позиција во иновативна и динамична меѓународна компанија? Обратете ни се денес и можеби ќе станете наша следна Карго-партнер личност!

Отворени позиции во Карго-партнер