Kontakt Flappe öffnen
Индустрии

Автомобилска индустрија и резервни делови

Ние го поддржуваме секој аспект од вашиот синџир на снабдување со автомобили, од влезна и производствена логистика до излезна, побарувачка и обратна логистика. Нашиот Центар за компетеност во автомобилската индустрија создаде најдобри практики и концепти на синџирот на снабдување за потребите на ОЕМ, добавувачите на компоненти од ниво 1 и ниво 2 и т.н. афтермаркет (aftermarket) клиентите.

Автомобилската индустрија се соочува со низа предизвици: од зголемена сложеност и притисок врз трошоците до промена на моделите на регионално производство и промена на изгледот на индустријата. Нашите посветени тимови за управување со автомобилската индустрија и проекти создаваат кориснички решенија, прилагодени на вашиот синџир на снабдување. Врз основа на нашите целосно интегрирани ИТ-системи и стандарди за управување со квалитет, ја поддржуваме континуираната оптимизација на вашите процеси. Постои итен контакт кој деноноќно ги поддржува вашите барања кои се од клучно значење, а нашите он борд (оn-Board) курири се достапни по желба за глобални услуги за испорака.

Нашите индустриски решенија за автомобилски и резервни делови вклучуваат:

Влезни

  • транспорт и управување со нарачки;
  • контрола и нарачка на пакување што може да се врати;
  • КЛТ-машина за перење.
  • контрола на залихите според референци на клиенти, на пример: сериски/контролен број/кодови на ССЦЦ (SSCC); 
  • целосно скенирање движења на ВМС (WMS);
  • прекуокеански влезни пратки: гранично складирање;
  • царинско управување со царинење/документација Т1;
  • влезни информации.
     

Производство

  • активности за препакување;
  • специјална евалуација на пакувањето;
  • означување на стандардниот ВДА (VDA);
  • координација на контролите на квалитетот;
  • надзор над преработувачките активности;
  • управување со структурата на ФИФО/ЛИФО/ФЕФО (FIFO/LIFO/FEFO);
  • услуги за имплантација.


Излезни

  • дистрибутивни услуги;
  • ИТЕН транспорт (чартер, он борд курир);
  • услуга за парцели во ист ден;
  • царинско постапување − Т1 излезно;
  • профактурирање;
  • создавање АСН (ASN);
  • ЕДИ-конекции.
     

Афтермаркет (Aftermarket)

  • централни дистрибутивни центри;
  • контрола на залихите и складирање на одделни делови;
  • управување со нарачки по пошта по продажба;
  • препакување во постпродажно пакување;
  • комплет (делови + сврзувачки елементи + прирачници);
  • етикетирање на едно парче според дистрибуцијата и мрежата на земјата.
     

Обратна логистика

  • сеопфатно обратно логистичко ракување;
  • отфрлање на стоки под царински надзор;
  • управување со побарувања;
  • управување со повратно пакување (пакување за враќање).
  • KLT перење
     

Контакт

* required field